
FASHION REVOLUTION MACEDONIA
Веруваме во модна индустрија која ги вреднува подеднакво
луѓето, околината, креативноста и профитот.

На 24.04.2013, поради лошата и невнимателна изградба на текстилниот комплекс Rana Plaza во Бангладеш, доаѓа до негово рушење, при што загинуваат 1133 текстилни работници, а над 2500 се повредени. Со тоа станува најголемата катастрофа што некогаш ѝ се случила на модната и текстилна индустрија.
Fashion Revolution Macedonia верува дека ова се преголем број на жртви изгубени во еден ден и дека нешто мора да се направи. Ваквата катастрофа не смее да биде третирана како случајност!
Така, секој 24-ти април е Fashion Revolution Day.
На овој ден сите дизајнери, брендови и бизниси во модната индустрија се предизвикани да учествуваат, со што би ја покажале или превземале одговорноста за луѓето од кои зависи нивниот успех.
Како можете да учествувате?
- Направете selfie со кое ќе го покажете брендот (за поголем ефект облечете го парчето наопаку) и прикачете ја фотографијата online на социјалните медиуми со опис: Who Made My Clothes? Користете го хаштагот - #whomademyclothes.
Да му покажеме на светот дека промената е возможна!

