ЗА НАС
Тим на волонтери со слични вредности, амбиции и силна волја за придонес кон поодржлива, транспарентна и етички коректна модна индустрија.
Fashion Revolution е движење во кое учествуваат повеќе од 100 земји од целиот свет.
Вистинската вредност на парчињата облека кои ги носиме е малку позната. Синџирот на понуда во модната индустрија е речиси без транспарентност, а вистинските производители се речиси безлични. Низ светот страдаат луѓе и нашата околина е загрозена токму поради модната индустрија.
Секој 24ти април е Fashion Revolution Day. Секој може да учествува за да заедно ја подигнеме свеста во модната индустрија на повисоко ниво. На овој ден сите дизајнери, брендови и бизниси во модната индустрија се предизвикани да учествуваат, со што би ја покажале или превземале одговорноста за луѓето од кои зависи нивниот успех во модната индустрија.
Ние веруваме во модна индустрија која ги вреднува подеднакво: луѓето, околината, креативноста и профитот.
Како може да учествува секој од нас?
– Направи selfie со кое ќе го покажеш брендот (за поголем ефект облечи го парчето наопаку и покажи ја етикетата).
– Прикачи ја фотографијата online на социјалните медиуми со опис: Who Made My Clothes? What's In My Clothes? Користи #whomademyclothes #whatsinmyclothes #fashrev #frmk и тагни го брендот до кој што се однесува прашањето.
Отворањето на дискусијата за одржливата мода со сигурност е добар чекор напред кон остварување на нашите напори за сеопфатна едукација и кревање на свеста на оваа тема како кај дизајнерите, така и кај потрошувачите.
Нѐ радува што мисијата и визијата на Модна револуција ќе можеме одблизу да им ги објасниме на модните вљубеници и да покажеме дека не е тешко да се биде одржлив моден потрошувач.
Како до подобри модни практики? - Преку одржливост, транспарентност и поголема отчетност од страна на брендовите од една страна. Од друга страна, преку подобро познавање на материјалите меѓу потрошувачите како и нивна зголемена свесност за влијанието на производството во модниот дизајн.
























